Германска компанија отвора 2.000 работни места во Битола

Bez autora
Dec 22 2011

Фабрика за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија во индустриската зона Жабени кај Битола ќе гради реномираната германска компанија Кромберг и Шуберт. Предвидено е во изградбата на оваа фабрика да бидат инвестирани 20 милиони евра, а се очекува да бидат отворени 2.000 директни работни места, што би значело дека ова ќе биде најголемата гринфилд инвестиција во Македонија по бројот на отворените работни места. Покрај ова се очекува новата фабрика со своето производство да го подобри трговскиот биланс на Македонија за околу 20 милиони евра на годишно ниво, како и да придонесе за растот на БДП. Македонскиот премиер Никола Груевски оцени дека преку денешниот настан најдобро се гледа дека инвестицискиот циклус во Македонија продолжува, додавајќи дека германска компанија е значен партнер во автомобилската индустрија, каде ги услужува најголемите европски производите на автомобили.

Германска компанија отвора 2.000 работни места во БитолаФабрика за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија во индустриската зона Жабени кај Битола ќе гради реномираната германска компанија Кромберг и Шуберт.

Предвидено е во изградбата на оваа фабрика да бидат инвестирани 20 милиони евра, а се очекува да бидат отворени 2.000 директни работни места, што би значело дека ова ќе биде најголемата гринфилд инвестиција во Македонија по бројот на отворените работни места.

Покрај ова се очекува новата фабрика со своето производство да го подобри трговскиот биланс на Македонија за околу 20 милиони евра на годишно ниво,  како и да придонесе за растот на БДП.

Македонскиот премиер Никола Груевски оцени дека преку денешниот настан најдобро се гледа дека инвестицискиот циклус во Македонија продолжува, додавајќи дека германска компанија е значен партнер во автомобилската индустрија, каде ги услужува најголемите европски производите на автомобили.

„Она што е најбитно и најмногу не радува се новите работни места. Иницијално на почетокот ќе се тргне со околу 400 вработувања, по што ќе следи континуирано зголемување, кое по првите пет години се очекува да достигне 2.000 работни места“, рече Груевски.

Тој додаде дека покрај директните работни места се очекува и значителна бројка на индиректни работни места поврзани со разни други услужни дејности.

„За мене како премиер и за владата нема подобар момент од овој, кога се склучуваат договори кој ќе предизвикаат нови работни места“, изјави Груевски.

Македонскиот премиер оцени дека станува збор за настан кој е од огромно значење за Битола, но и за целиот пелагонски регион.

Изразувајќи надеж дека новата фабриката на Кромберг и Шуберт наскоро ќе добие соседи во индустриската зона Жабени, Груевски нагласи дека за реализацијата на овој проект најголеми заслуги има министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак,

„Неговото место во владата често беше оспорувано. Ова е најдобар одговор на сите негови критичари“, рече Груевски.

Изнесувајќи детали за тоа како се одвивале преговорите со германската компанија,  Самак меѓудругото изјави дека оваа инвестиција е во еден регион кој што подолго време пати од висока невработеност, како резултат на транзицијата.

„Со оваа фабрика се врти една нова страна во историјата на Битола, па и на Прилеп. Гледајќи со ова на една подобра иднина за семејствата во овој регион, лошата транзицијата ја оставаме зад нас.

Претставникот Кромберг и Шуберт, Волфганг Тупи изрази задоволство од успешните преговори со претставниците на македонската влада.

Тупи  истакна дека  одлуката да се инвестира во Македонија била донесена поради квалитетната работна рака, логистиката и ниските трошоци.

Германската компанија поседува околу 20 фабрики ширум светот и вработува околу 20.000 лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik